Минатата година во хидроелектричната централа „Шпилје" кај Дебар, која е дел од системот на хидроцентралите „Црн Дрим" се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија. Тоа претставува 1,17 отсто повеќе од Планот на електраната во 2012 година, што е е 238 милиони и 444 илјади киловат часови електрична енергија. Според него, и резервите на вода во Дебарското езеро се нешто повеќе од минатата година во овој период и изнесуваат околу 18 милиони киловат часови електрична енергија. Во Дебарското езеро има благ пораст на нивото, но се очекува во наредниот период нивото да расте, велат во ЕЛЕМ. Инаку покрај оваа хидроцентрала наскоро се очекува да стартува и изградбата на уште една хидроцентрала кај Дебар, а тоа е хидроцентралата „Бошков Мост", која ќе ги користи водите од неколку реки во областа Мала Река.
Минатата година во хидроелектричната централа „Шпилје" кај Дебар, која е дел од системот на хидроцентралите „Црн Дрим" се произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија.
„Тоа претставува 1,17 отсто повеќе од Планот на електраната во 2012 година, што е е 238 милиони и 444 илјади киловат часови електрична енергија", изјави портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски.
Според него, и резервите на вода во Дебарското езеро се нешто повеќе од минатата година во овој период и изнесуваат околу 18 милиони киловат часови електрична енергија .
Во Дебарското езеро има благ пораст на нивото, но се очекува во наредниот период нивото да расте, велат во ЕЛЕМ.
Инаку покрај оваа хидроцентрала наскоро се очекува да стартува и изградбата на уште една хидроцентрала кај Дебар, а тоа е хидроцентралата „Бошков Мост", која ќе ги користи водите од неколку реки во областа Мала Река.